Партизан веднаш го најде навивачот кој фрли кон кошаркарите и му изрече драстична казна

Навивачите на Партизан синоќа разочарани си заминаа од „Штарк арената“ откако нивниот омилен тим загуби на свој терен од Баерн Минхен со 78:79. Германскиот тим победи благодарение на тројката постигната на 0,8 секунди до крајот од средбата.

По завршување на дуелот, фановите на Црно-белите  беа многу разочарани, па кошаркарите мораа да ги слушаат „лекциите“ од навивачите. 

Дел од симпатизерите беа и повеќе од агресивни, а во еден момент кон кошаркарите беше фрлен тврд предмет, кој, за среќа, не погоди никого. Од Партизан брзо реагираа и преку безбедносните камери го забележаа човекот кој го фрли тврдиот предмет. Тој е идентификуван и веднаш доби забрана за присуство на следните мечеви на Партизан.

„КК Партизан по итна постапка го пронајде човекот кој по завршување на мечот со Баерн Минхен фрли со предмет во правецот на кошаркерите. Физичкиот интигритет на кошаркарите е неприкосновен и ваквата постапка е недозволива. Клубот ги повикува надлежните органи да реагираат, а на овој гледач во наредните мечеви нема да му биде дозволен влез во салата“ стои во соопштението на Партизан.

- Оглас -

Најнови вести