20.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Партизан во драматичен финиш го одбрани Купот против вечниот ривал Ѕвезда

Партизан трета година во низа го освојува Радивој Корач купот по триумфот против вечниот ривал Црвена ѕвезда со минимални 85-84. Драматичната пресметка во салата „Чаир“ во Ниш се решаваше во дополнителен период, а имприпадна на Црно-белите, кои по осми пат му се радуваат на пехарот.

Партизан како бранител на пехарот беше поблиску до нов успех по првото полувреме, но минималната предност од три поени значеше дека ќе има драма во остатокот од средбата. Кошаркарите на Тринкиери со +3 влегоа и во последните 10 минути, меѓутоа во финишот Ѕвезда влезе во серија и држеше резултатска предност до последните 2 секунди од мечот, пред Пејџ да ги погоди двете слободни и да изнуди продолжение.

Во петте дополнителни минути подобри беа бранителите на трофејот, додека Браон не погоди шут за победа на Ѕвезда.

https://twitter.com/kkcrvenazvezda/status/1229143005598187520

- Оглас -

Најнови вести