Партизан за една недела двапати го победи тимот кој во Бундеслигата во девет кола има само два порази

Екипата на Партизан е на чекор од пласман во нокаут-фазата во Конференциската лига на Европа откако вечерва во Белград со 2:0 го победи Келн во четвртото коло. Со оваа победа, Партизан стигна до осум бода во групата, додека германскиот бундеслигаш остана на четири бода и е на третото место во групата. Во оваа група, вечерва ќе играат Ница и Словачко.

Дијабате во 15-тата минута им донесе радост на навивачите на Партизан, а на почетокот на второто полувреме предноста на домаќините ја удвои Гомез. Келн имаше речиси две третини посед на топка, но гостите не можеа да се спасат од вториот пораз само во една недела од Партизан. Црно-белите минатиот четврток победија во Германија со 1:0. Дуелот во Белград имаше и прекин поради нередите кои ги направија домашните фанови.

Интересно е дека Келн двапати загуби од Партизан за една недела, а тимот има само два порази во девет кола во Бундеслигата сезонава. Во останатите мечеви кои се играа од 18:45 часот во Конференциската лига: Аполон – АЗ Алкмар 1:2, Австрија Виена – Вилјареал 0:1, Башакшехир – РФС 3:0, Клуж – Славија Прага 2:0, Ѓургарден – Гент 4:2, Фиорентина – Хартс 5:1, Слован Братислава – Базел 3:3.

- Оглас -

Најнови вести