Фудбалерите на Партизан во најлош можен момент влегоа во лоша резултатска серија и ја испуштија предноста од шест бода пред вечниот ривал Црвена ѕвезда.
Црно-белите денеска загубија со 2:1 на гостувањето кај Раднички Ниш, што беше нивен втор пораз во последните три дуела и сега заедно со Црвено-белите имаат по 43 бода на табелата.
Партизан поведе со голот на Салдања во 53-тата минута, но Раднички успеа да направи пресврт, прво Петров во 67-мата минута израмни од пенал, а потоа со автоголот на Илиќ ги освои бодовите.
Згора на тоа, Партизан влезе во лоша серија токму пред дуелот со вечниот ривал, дербито е закажано за 20 декември.