После Црвена ѕвезда која го совлада Реал Мадрид, и другиот српски претставник во Евролигата, Партизан, славеше вечерва против шпански тим и тоа против Басконија на гости со 91-79.
Тимот на тренерот Жељко Обрадовиќ беше одличен во последните неколку минути, па изедачениот меч го претворија во победа со двоцифрена разлика. Ова е прв гостински триумф за Партизан сезонава, а прв триумф во Виторија после дури 24 години.
Така Црно-белите се придружија на големата група екипи кои имаат скор 3-2 после пет одиграни натпревари.