Партизан знае како во тесна завршница, во пеколот во Белград падна и Монако

Партизан како домаќин го победи Монако со 89-85 во интересен меч од кошаркарската Евролига, кој беше решен по 45 минути активна игра. Црно-белите сега се на скор 6-6 по 12 кола, а во Белград загубија само од Барселона, додека за Монако ова е петти пораз сезонава.

Во регуларните 40 минути, средбата заврши 72-72. Мајк Џејмс со луда тројка за изедначување на две секунди до крајот ги замолкна домашните фанови, па мораа да се играат дополнителни пет минути. Во продолжението Партизан подобро се снајде, имаше и неколку судиски одлуки во нивна полза кои беа по прегледување на снимка, па Монако немаше сили за повторно да се спаси.

Продолжение имаше и во Минхен, каде што Баерн во регуларниот дел со неверојатна тројка на центарот Ибака во последна секунда се спаси од пораз, а шокот за гостите од Милано беше огромен и тие психички тотално потфрлија во екстра периодот, па Баварците славеа со 91-84.

Лидерот и актуелен европски првак, Реал Мадрид, предводен од Џанан Муса, победи во Пиреа против Олимпијакос со 77-71 во реприза за финалето од минатата сезона.

Ова е потегот на вечерта и тројката на Ибака:

https://twitter.com/i/status/1732148812582461499

- Оглас -

Најнови вести