Александар Митровиќ, напаѓачот на Фулам, вечерва нема да се најде на трибините на новиот супермодерен стадион на Тотенхем, но од дома ќе ја бодри Црвена ѕвезда на гостувањето во Лондон од Лигата на шампионите.
Митровиќ, кој пред седум сезони го носеше дресот на Партизан, на своите сонародници им обезбеди 30 билети.
„Утре играме против Лутон и затоа нема да одам на стадион да ја гледам Ѕвезда. Тотенхем има мал проблем, мислам дека Ѕвезда има шанса да направи изненадување. Црвено-белите безброј пати покажувале дека се најсилни кога е најтешко. На Тотенхем му треба победата, тоа значи дека ќе бидат под голем притисок и тука е шансата на Ѕвезда. Ми се јавуваа навивачи од Србија, ми бараа билети и успеав да најдам 30-тина. Сите тие ќе останат во Лондон неколку дена, верувам дека Ѕвезда ќе има поддршка“, вели Митровиќ.