Марио Пашалиќ, стрелецот на голот за Аталанта, неколку минути го делеа од тоа да биде јунакот кој ќе го однесе тимот од Бергамо во полуфиналето на Лигата на шампионите, но во финишот се случи тоа што се случи, парижаните во судиското продолжение направија пресврт, па Пашалиќ воопшто нема да биде среќен што испиша историја на четвртфиналињата.
Пашалиќ носи дрес со бројот 88 и тоа е највисок број на некој стрелец на гол во историјата на четвртфиналињата во ЛШ. Стариот рекорд го држеше Данецот Никлас Бентнер, кој во 2010 година како играч на Арсенал погоди во четвртфинале против Барселона, кога носеше дрес со бројот 52.