Коби Брајат целата своја 20-годишна кариера ја помина во дресот на Лос Анџелес лејкерс, а еден момент остави посебен белег. Тоа беше мечот кој се одигра на 25 декември 2010 година, односно на католичкиот Божиќ.
Тогаш, Брајант на дуелот против Мајами хит, на теренот излезе во зелени „Најки“ патеки во тематиката на „Гринч“. Тоа беа уникатни патеки кои Коби прв и последен пат ги носеше.
На двете патики има потпис лично од Коби Брајант. Овие патики сега се дел од една аукциска куќа. Кејтлин Донован која е глобален раководител на продажба на аукциската куќа „Јупитер“, изјави дека очекува патиките да достигнат цена од повеќе од 10 милиони долари на аукција.
„Овие патики се уникатни по тоа што до 2010 година, НБА имаше правило дека играчите мора да носат патики што одговараат на боите на нивниот дрес и шорцеви или да бидат бели/црни во текот на сезоната, а кога беше дозволено да се носат патики со различна боја за Божиќ, Коби одлучи да излезе на теренот против Мајами за да ги претстави патиките „Гринч“ на Коби Сикс.
Значи, овие патики не се видени од тој натпревар, мислам дека е многу важно да се напомене дека тој натпревар стана еден од најзначајните моменти во историјата на патиките, а Коби Сикс и „Гринч“ особено станаа едни од најзначајните патики по тој натпревар. Коби Брајант ги носеше овие патики само еднаш во целата своја кариера и во целиот свој живот“, рече Донован, раководител на продажба во аукциската куќа Јупитер.

