8438 Њујорк ренџерс – Анахејм дакс (НХЛ, 00 часот)
Њујорк има само еден пораз на свој терен од Анахејм во последните 10 натпревари, односно 9 победи и еден неуспех од 2008 година.
Гостите имаат интересна приказна и од 1993 година, кога се формирани, до 2006 година го имаа прекарот Моќните патки, но во последните 16 сезони се само Патките од Анахејм.
И токму во првата сезона, 2006/07, со нов скратен прекар Анахејм успеа да ја освои единствената НХЛ-титула, а има и едно финале што го загуби во 2003 година.
Њујорк ренџерс е клуб со многу поголема традиција, формиран во 1926 година и е еден од основачите на модерната НХЛ-лига, како дел од таканаречените „Оригинлни шест“, заедно со Бостин бруинс, Чикаго блекхокс, Детроит редвингс, Монтреал и Торонто.
Ренџерс имаат 4 пехари во Стенли купот од 11 финалиња, а сезонава играат одлично и се кандидати за плејоф.
Анахејм е во криза со четири порази по ред и доста кадровски проблеми, па тешко ќе го издржи налетот на опасните напаѓачи Панарин, Крејдер, Зибанеџад…, што го прави Њујорк голем фаворит.
Предлог тип: 1 (1.75)
8201 Монтреал канадијанс – Аризона којотс (НХЛ, 00 часот)
Монтреал е рекордер во НХЛ-лигата во двете најважни категории и со титули, а ги има 24 и во вкупно 34 одиграни финалиња, што исто така е најмногу од сите екипи во историјата на лигата.
Но, сезонава ќе нема 35-то финале во Стенли купот, напротив Канаѓаните се во сосема спротивена насока од врвот во Источната конференција, каде што се последни со 40 бода.
Тоа е и најслаб ефект во целата лига, па јасно е дека Монтреал нема да игра во плејофот.
Тоа важи и за Аризона, која има само 42 бода во Западната конференција и би било светско чудо да успее да се пробие до разигрувањето за титулата.
Мечот е од ревијален карактер, двете екипи даваат и примаат многу голови во последно време, па нашиот тип е дека ќе има најмалку шест погодоци во „Бел центар“ во Монтреал.
Предлог тип: >5.5 гола (1.60)
8479 Индијана пејсерс – Мемфис гризлис (НБА, 00 часот)
Мемфис гризлис стануваат сила во НБА-лигата, а триото млади кошаркари Морант-Бејн-Џексон ветува убава перспектива на клубот.
Сите имаат меѓу 21 и 23 години, што е подлога за голем оптимизам кај Мечките. Морант веќе е една од големите ѕвезди во НБА-лигата и прв кошаркар во клупската историја што постигнал 50+ поени.
Играат атрактивна и модерна кошарка и имаат полетен тим што сака да се надигрува. Моментно се на третата позиција во Западната конференција со ист биланс 47-22 како и второпласираниот Голден стејт вориорс.
Проблем за Мечките е што ретко победуваат на гости кај Индијана, последниот триумф им е во 2015 година, но сега се фаворити.
Пејсерс се во транзиција, направија неколку трампи во февруари и тоа се одразува на резултатите.
Ноќеска нема да им играат шестмина кошаркари, а уште двајца се неизвесни, што е голема шанса за Мемфис да го прекине постот без победа што трае веќе 7 години на гостувањата во Индијанаполис.
Предлог тип: 2>232.5 поени (2.70)
8480 Орландо меџик – Бруклин нетс (НБА, 00 часот)
Орландо има само една цел во исклучително лошата сезона, а тоа е да го избегне последното место и во Лигата и во Источната конференција.
Меџик одамна ја немаат магијата од ерата на Шекил О`Нил, Пени Хардавеј, Хорас Грент, Ник Андерсон и генерацијата која во 1995 година загуби од Хјустон рокитс со 0:4 во финалето на НБА.
Орландо има уште едно загубено финале, тоа во 2009 година, кога Двајт Хауард, Рашард Луис, Хедо Туркоглу и останатите играчи на Меџик загубија со 1:4 против Лос Анџелес лејкерс.
Бруклин игра за победа, што ќе им значи многу во обидот да се пробијат во шесторката најдобри во Источната конференција и да избегнат старт во доигрувањето за титулата во првата фаза.
И тие имаат чудна сезона, во која Кајри Ирвинг игра само каде што ќе му дозволат ковид-протоколите бидејќи е невакциниран, а веќе го разменија Џејмс Харден за Бен Симонс, кој е повреден и не игра.
Ноќеска Кајри ќе игра и типуваме дека заедно со брилијантниот Кевин Дурант и соиграчите ќе се радува на победа во Орландо.
Предлог тип: 2-2 (1.62)
8482 Њу Орлеанс пеликанс – Феникс санс (НБА, 01 часот)
Феникс игра за потврда на првото место во регуларниот дел од НБА-лигата и ако успее да слави, сигурно ќе тргне во плејофот со предност на домашен терен на сите натпревари во плејофот.
На актуелниот вицешампион му недостасува прекалениот бек Крис Пол, но домаќините имаат многу поголеми проблеми.
Најавено е дека нема да играат двајцата топ-стрелци, Брендон Инграм и Си-Џеј Меколум, што ќе биде огромен хендикеп за Пеликанс.
Домаќините се на десеттото место во Запдната конференција и тоа е последната позиција што гарантира настап во доигрувањето за титулата.
На Њу Орлеанс очајно му треба триумф, но со големите јадровски проблеми што ги има, тешко се победува вицешампионот во НБА-лигата.
Предлог тип: 2 (1.53)