Патот на Денвер до победа над Индијана оди преку доминацијата на Јокиќ

8504 Вашингтон визардс – ЛА клиперс (01.00 часот)

Ова е дуел на две екипи кои имаат по два порази по ред и бараат излез од мини-кризата. Кај гостите неизвесен е настапот на Кавај Ленард, кој има проблеми со грбот. Ако игра крилото, поголеми се шансите за победа на Клиперс, кој и вака е фаворит според квотите. Визардс дома губеше од Клиперс во претходните две сезони, а неодамна, на 24 февруари во Лос Анџелес, Клиперс го совлада Вашингтон со 135-116. Бил и Вестбрук ќе се обидат да го изненадат гостинот, но нема да биде лесно.

Предлог тип: >114.50 II (1.87)

 

8497 Њујорк никс – Детроит пистонс (01.30 часот)

Детроит е последен на Истокот, но не треба однапред да се отпише. Пистонс победија на претходниот меч, и тоа против Торонто, а Никс беа разбиени од Сан Антонио и имаа ден плус за одмор. Сепак, овие два тима играа меѓу себе и само пред три дена, тогаш во Детроит, победи Никс со 109-90. Пистонс не успеа да даде 100 поени ниту на последното гостување во „МСГ“ на 9 март минатата година. Традицијата најавува неефикасен меч.

Предлог тип: 1 (1.46)

 

8498 Индијана пејсерс – Денвер нагетс (02.00 часот)

Домашните се непредвидлив тим кој знае да изненади и затоа тука двојката која на прв поглед делува извесна, не е баш сигурна. Кај Нагетс ќе ги нема Кампацо и Милсап, па Јокиќ повторно ќе треба да игра сè. Денвер славеше во Милвоки, и тоа убедливо, па Грутките преполни со самодоверба влегуваат во дуел со Пејсерс. Индијана дома не победила од 3 февруари, а на Нагетс на гости имаа три победи по ред. Типуваме на ефикасен меч и победа на гостите.

Предлог тип: 2 >225.50 (3.15)

 

8503 Феникс санс – Голден стејт вориорс (04.00 часот)

Се чини дека на Вориорс не им бега третиот пораз по ред, сите на гостински терен против дивизиски ривали. Феникс сезонава е одличен, втор е на Западот, а и во последно време е во подобра форма од гостите. Сонцата имаат серија од три победи, но сите на гости, на последниот домашен меч киксираа против Шарлот. На 29 јануари, Феникс дома го победи Голден стејт со 114-93, па и сега би требало да има исто или слично сценарио.

Предлог тип: 1 (1.47)

 

8502 Портланд трејлблејзерс – Сакраменто кингс (04.00 часот)

Портланд има две победи по ред, а Кингс две победи во последните три меча. Двата тима излегоа од кризата, имаа тесни победи синоќа. Сакраменто не е претерано опасен гостин и нивна победа би била изненадување. Овие два тима во јануари меѓу себе играа двапати, двапати во Сакраменто, и победуваше Портланд со 125-99 и 132-126. Ако одбраната на Кралевите некако го запре противникот и не прими над 125 поени како претходно, може да се надева на победа. За двата тима ова е последен меч пред олстар-паузата.

Предлог тип: 1 (1.61)

- Оглас -

Најнови вести