15.8 C
Skopje
четврток, 16 октомври 2025

Патрик Клајверт го напушти кормилото на Индонезија, откако не успеа да се пласира на СП 2026

Патрик Клајверт поднесе оставка од функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Индонезија откако не успеа да го пласира тимот на Светското првенство во 2026 година. Четириесет и деветгодишниот Холанѓанец ја напушта позицијата по неуспешните квалификации, во кои Индонезија загуби од Саудиска Арабија (2-3) и од Ирак (0-1).

„По отворени, сеопфатни и исполнети со почит разговори, двете страни се согласија да ја прекинат соработката“, соопшти Индонезиската фудбалска федерација преку објава на социјалните мрежи.

Клајверт ја презеде репрезентацијата во јануари 2025 година со договор на две години. Неговиот биланс за десетте месеци на кормилото е три победи, едно реми и четири порази.

- Оглас -

Најнови вести