Патрик Шик го продолжи договорот со Баер Леверкузен и ќе остане во клубот до летото 2030 година, објави германскиот првак.
Чешкиот напаѓач, кој се приклучи на Фармацевтите во 2020 година, имаше договор до крајот на сезоната 2026/27, но сега потпиша нов долгорочен ангажман.
Во сезоната 2023/24, Патрик Шик постигна 21 гол на 31 натпревар и беше втор стрелец во Бундеслигата.
Во кариерата, тој настапуваше и за Спарта Прага, Бохемијанс, Сампдорија, Рома и Лајпциг, пред да се пресели во Баер Леверкузен.
The Werkself story continues for Patrik Schick! 🤩 pic.twitter.com/NepJe8w5SH
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) August 4, 2025