Во моментов се игра дуелот помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер, а најтрофејниот македонски кошаркарски клуб го слави својот 60-то роденден. Како и секоја манифестација, така и на оваа, прво се интонираше химната на Република Македонија, а слујачно се појави и неочекуван херој на кого треба да се угледаат сите житали на Македонија.
Навивач на „штрковите“ кој дојде во СЦ „Јане Сандански“ во инвалидска количка, и покрај физичкиот проблем кој го има, успеа да собере сили и да се крене од количката со рацете додека се интонираше химната на Македонија, но и на цел глас да ја испее.
Пример за патриотизам и со сигурност позитива на денот. Браво момче.

