Патриотски, две третини прогнозери типуваат победа на комбинираната Македонија против учесникот на СП во Катар!

Новото десетто коло сезонава на Спортска прогноза е во тек, типувањето трае до сабота во 16 часот, а во популарната Тринаесетка ја има и селекцијата на Македонија.

В сабота Црвено-жолтите играат пријателски меч со Саудиска Арабија во Абу Даби. Саудијцте ќе играат на Светското првенство во Катар и ова е одличен тест за нашата репрезентација, која овојпат е составена со играчи претежно од домашата лига, без најстандардните фудбалери кои се носители во А тимот.

Над 63 проценти од прогнозерите кои досега се изјасниле, веруваат во победа на Македонија.

Во фокусот се и дербијата помеѓу Челзи и Манчестер јунајтед в сабота и италијанското меѓу Рома и Наполи в недела. За дуелот во Лондон, засега фаворит на прогнозерите е Челзи, додека за мечот во Рим засега најмногу играчи типувале двојка.

За погоден максимален број парови од основната понуда, имате можност сами да си одбрете подарок од три варијанти:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен тротинет

X Box Series X 

Sport Life и Спорт Манија стандардно ги наградуваат и утките, па со промашени два пара се добива ваучер од 500 денари, а за една утка ви следува ваучер од 1.000 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести