6705 – Македонија – Ерменија (15:00)
Репрезентацијата на Македонија како фаворит влегува во пријателскиот натпревар против Ерменија во Струмица. Иако двајцата селектори веројатно ќе комбинираат со составите, сепак квалитетот е на наша страна, а тоа го покажавме со ремито против Италија, но и одличната игра против Украина. Ова ќе биде вкупно 13-ти натпревар помеѓу овие две репрезентации, а на претходните 12 беа постигнати вкупно 37 гола, односно во просек над три гола по натпревар.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.95)
6725 – Молдавија У21 – Македонија У21 (17:00)
Младинската репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година на гостувањето во Кишињев ќе се обиде да дојде до бодовите и да остане во трка за пласман на Европското првенство. По сензационалната победа на гостувањето во Шведска и одличната игра против Холандија, очекувањата пораснаа и сè освен победа против Молдавија ќе биде неуспех. Нашиот денешен противник е во серија од три порази во квалификациите откако на стартот го совладаа Гибралтар.
Предлог тип: 2 & 3+ (2.04)
6204 – Казахстан У19 – Македонија У19 (15:30)
И трета македонска репрезентација денес ќе има активности, и од нив се очекува победа. Се работи за младинската селекција за фудбалери до 19 години, која денес го игра клучниот натпревар од квалификациите во Полска, против репрезентацијата на Казахстан. Македонија е во пол-позиција откако во првото коло ја совлада Полска и сега потребна ѝ е само каква било победа против убедливо најслабата екипа во групата за пласман во Елитната рунда. Казахстан на претходните два натпревари против Германија и Полска прими вкупно девет гола без да постигне ниту еден.
Предлог тип: 2 & 3-5 (2.16)
6824 – Србија – Црна Гора (20:45)
Натпревар да се биде или не за репрезентацијата на Србија, на кој ќе мора да се тргне кон противничкиот гол уште од првата минута. Србите со двата порази од Унгарија се во незавидна позиција и доколку сакаат да останат во трката за пласман на Европското првенство, ќе мора да ја победат Црна Гора. Од раздружувањето на овие две држави, нивните репрезентации имаат одиграно само три меѓусебни натпревари и интересно, на сите три победила Србија, двапати на гости со 0-2 и еднаш на домашен терен со 2-1.
Предлог тип: 1 & 0-29min (2.10)
6822 – Малта – Украина (20:45)
Репрезентацијата на Украина вечерва ја очекува натпревар против аутсајдерот во групата, Малта, кој треба рутински да се одработи и да се очекува исходот од натпреварот помеѓу Англија и Италија. Доколку Италијанците не победат на „Вембли“, тогаш Украина со победа ширум ќе си ги отвори портите кон пласман на Европскиот шампионат. Малта во досегашниот тек од квалификациите покажа дека нема квалитет да им се спротивстави на останатите репрезентации од групата и сосема заслужено е последна без бодови.
Предлог тип: 2-2 & 2-5 (2.08)