Патрис Евра ќе му биде помошник на новиот тренер на Манчестер јунајтед

Денеска финишираат репрезентативните возбудувања за пласман на ЕП 2020 и полека фокусот се враќа на клупскиот фудбал. Најатрактивниот меч за овој викенд ќе биде во Англија, и тоа на „Олд Трафорд“, каде што Манчестер јунајтед ќе го пречека Ливерпул во дербито на двата најтрофејни клуба во земјата.

Ливерпул е перфектен и има максимални 24 бода од осум меча, додека Манчестер веќе заостанува 15 бода зад ривалот. Според најавите од Англија, по тој меч се подготвува отказ на тренерот на Црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјер. Дури се знае дека ако Солскјер си замине, на негово место веднаш ќе дојде Масимилијано Алегри.

Некогашниот тренер на Јувентус веќе одреден период активно учи англиски, а тоа е доволно да биде главен фаворит за тренерското место во Јунајтед. Дури е договорено ако Алегри дојде во Манчестер, негов помошник да му биде некогашниот бек на англискиот гигант, Патрис Евра.

 

- Оглас -

Најнови вести