28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Патрис Евра веќе му честиташе на освојувачот на Златната топка

Утре треба да биде познат новиот освојувач на „Златната топка“ која традиционално ја доделува „Франс фудбал“ на најдобриот фудбалер во календарската година. Лионел Меси е рекордер со шест „Златни топки“, а според многумина, токму Аргентинецот, заедно со Роберт Левандовски, се главни фаворити за најновата награда.

Иако дури утре треба официјално да биде познат најдобриот, некогашниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Патрис Евра, на својот Инстаграм профил, веќе му честиташе на Меси.

„Честитки за Лионел Меси за освојувањето на уште една Златна топка“, напиша Евра на фотографијата на која тој е во битка против Меси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrice Evra (@patrice.evra)

- Оглас -

Најнови вести