Патуваа 8.850 километри за да го гледаат англискиот ѕвер (фото + видео)

Двајца браќа од Мексико патуваа дури 8.850 километри за да го гледаат нивниот омилен играч кој настапува за Викомб вандерерс, Адебајо Акинфенва. Приказната како дознале за англиската ѕверка е исто така доста интересна. Браќата се фанатици на популарната видео игра „ФИФА“, која има годишно издание и случајно налетале на англискиот третолигаш.

Откако го провериле тимот и одиграле една партија со него, го приметиле Акинфенва дека е многу поразличен од останатите фудбалери. Голгетерот на Викомб иако повеќе наликува на боди билдер отколку на фудбалер, несомнено поседува квалитети да биде ѕвезда во третата англиска лига. На видеоиграта, според оценките, е најсилен играч, па токму од таму произлегува неговиот прекар Ѕвер.

Браќата Френцел и Франциско Гомес извесно време собирале средства за да отпауваат за Англија, а во пресрет на саботниот дуел против Транмере биле пречекани како почесни гости. Клубот им овозможил прошетка низ просториите и стадионот, а воедно лично се запознале со нивниот идол. На тој меч Викомб победи со 2-1, а Акинфенва го постигна победничкиот гол со кој неговата екипа останува во битка за разигрување и пласман во втората лига.

„Се одлучивме за ова патување бидејќи брат ми ја обожува играта ФИФА и преку неа дозна за Викомб. На ист начин дознавме и за Акинфенва и едноставно моравме да го гледаме во живо пред да оди во пензија. Уживавме во натпреварот, нашето прво патување во Викомб беше незаборавно. Среќни сме што го видовме Акинфенва како постигнува гол, и тоа за победа, неверојатно е да се гледа како ја прави разликата на теренот“, истакна Френцел.

https://twitter.com/SkyBetLeagueOne/status/1231587515989139462

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести