Довчерашниот полски селектор, Португалецот Пауло Соуса, неочекувано го напушти местото во националниот тим, кој во март треба да игра бараж за пласман на Светско првенство, а од вечерва и официјално тој е нов тренер на бразилски Фламенго.
Клубот од Рио де Жанеиро има огромен број фанови низ светот, пред две сезони беше и првак на Јужна Америка, а сега со 51-годишниот Соуса на клупата ќе се обиде да се врати на врвот.
Некогашниот фудбалер кој со Јувентус и Борусија Дортмунд ја освојуваше Лигата на шампионите, потпиша двегодишен договор со Фламенго откако претходно плати за да добие раскинување на договорот со Полска.