Пауза од 6-8 недели за играчот со кој како стартер Реал не знае за пораз

Французинот Орелијан Чуамени има скршена коска на вториот прст на левата нога, и ќе мора да паузира минимум шест недели, а паузата може да трае и два месеци, до крајот на оваа календарска година.

Ова е шокантна вест за Реал Мадрид, ако се знае дека Чуамени вчера го одигра целото Ел Класико против Барселона и немаше знаци на повреда. Синоќа Чуамени на Инстаграм објави една фотографија од тренинг и веројатно тогаш се повредил.

Ова е период од сезоната кога се играат по два меча неделно, што значи дека Чуамени ќе ги пропушти следните 8-10 меча на Реал. Со него како стартер, Кралскиот клуб нема пораз сезонава, па останува да се види како ќе се покрие неговото отсуство во задната линија на средниот ред.

- Оглас -

Најнови вести