Вистинска сензација беше трансферот на Нејмар од ПСЖ во Ал-Хилал, вреден 90 милиони евра. Бразилецот во Саудиска Арабија потпиша договор на две сезони, според кој ќе заработува по 150 милиони евра годишно.
Сепак, после само пет натпревари и 386 минути, Нејмар се повреди и веќе 11 месеци е надвор од фудбалските терени. За повреда на вкрстените лигаменти, обично се паузира помеѓу шест и девет месеци, но Нејмар веќе 11 месеци не може да се врати на тренинг, а вчера паднал и на најновите лекарски прегледи, како и на тестот за подготвеност.
Сето тоа значи дека тој ќе биде надвор од фудбалските терени уште најмалку два месеци. Ал-Хилал без него дојде до трофеите од првенството, Купот и Супер купот на Саудиска Арабија, а ја направи и најдолгата победничка серија во светот од 34 победи по ред.