Пауза, па потоа Ливерпул ќе ја решава судбината на Оле

Паузата поради настапите на репрезентациите во октомврискиот квалификациски циклус ќе бидат добредојдени за Манчестер јунајтед и за Оле Гунар Солскјер за да се збијат редовите и да се направи обид за пресврт и да се излезе од големата криза.

И да се направи стратегија за следниот гостин, веројатно и најтежок можен во овој период. Ливерпул ќе ги тестира знаењето и умешноста на Норвежанецот да се справи со очигледната криза. Актуелниот лидер во Премиер лигата и европски првак ќе пристигне на мегдан кај Црвените ѓаволи на 20 октомври, а ако Црвените победат по деветти пат сезонава, тогаш Солскјер веќе ќе биде на тапет, дури и за отказ кај раководството на Манчестер јунајтед.

Британските медиуми веќе прават и листи со топ-кандидати, кои чекаат смена на Норвежанецот. Меѓу најмногу споменуваните е Брендан Роџерс, кој моментно е стратег на Лестер. Тука се и Арсен Венгер и Макс Алегри, кои се „слободни стрелци“, а во топ-5 се и Маурисио Покетино, кој има скромни резултати со Тотенхем на почетокот на новата сезона, и селекторот на Гордиот Албион, Герет Саутгејт.

- Оглас -

Најнови вести