Павар дури денеска им се извини на Баварците за прославата на голот во средата

Бекот на Интер, Французинот Бенжамен Павар, дури денеска, два дена после натпреварот, почувствува потреба да им се извини на Баерн Минхен и неговите навивачи за прославата на голот (негов прв во дресот на Интер) кој го постигна против нив во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Тој преку социјалните мрежи напиша порака на германски јазик во која му се извини на клубот за кој играше од 2019 до 2023 година. Павар е последниот што ја носеше „5-ката“ на Баерн која сега е повлечена во чест на легендата Франц Бекенбауер.

„Баерн направи да станам играчот кој што сум денеска. Тој клуб беше мој дом многу години. Никогаш нема да заборавам каква чест беше што сум последниот што го носел дресот со бројот 5. Мојата прослава беше едноставно радост на дете кое играше четвртфинале на Лигата на шампионите. Тоа не беше непочитување на фановите на Баерн. Со многу љубов“, порача Павар.

- Оглас -

Најнови вести