Павар поради сонародникот Мбапе првпат почувстува пораз во ЛШ

Баерн Минхен во Париз ќе го бара пласманот во полуфиналето од ЛШ, каде што ќе мора да го надополни вечерашниот пораз од 2-3 против ПСЖ на домашен терен.

Овој пораз посебно го боли бекот на Баерн, Бенжамен Павар, кој загуби првпат во најелитното европско натпреварување по 13 последователни победи на исто толку настапи.

Токму неговиот сонародник и колега од репрезентацијата, Килијан Мбапе, со двата негови гола ја прекина перфектната серија на Павар од 13 победи во исто толку настапи во ЛШ.

Инаку, овој пораз беше прв и за тренерот Ханси Флик, кој во ланската сезона ги предводеше Баварците до титулата без грешка.

- Оглас -

Најнови вести