Бенжамен Павар, репрезентативецот на Франција, смета дека Златната топка треба да му се додели на колегата од селекцијата, Н’голо Канте, доколку Триколорите го освојат златото на Европското првенство.
Фудбалерот на Баерн Минхен има привилегија да ја дели соблекувалната со тројцата главни кандидати за најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, но пред Килијан Мбапе и Роберт Левандовски, го одбра играчот за врска на Челзи.
„Канте игра и трча како да има шест плуќи, не знае за доста. Неверојатен фудбалер и, пред сè, прекрасен човек, тоа го докажува секојдневно. Ги заслужува сите пофалби, а ќе ја заслужи и треба да ја добие Златната топка доколку го освоиме Европското првенство“, истакна Павар во пресрет на дербито меѓу Франција и Германија.
Според последното рангирање, Мбапе е фаворит за Златната топка која ќе се додели на крајот од 2021 година, па следува Левандовски, а Канте е трет фаворит.