Некогашниот чешки фудбалер, а сега потпретседател на Јувентус, Павел Недвед, не успеа да ги смири нервите по завршувањето на мечот Порто, шутирајќи едно од рекламните паноа покрај теренот на „Алијанц стадиум“ во Торино.
Јуве ги победи Змејовите со 3-2, но Порто кој дома славее со 2-1, е тимот кој оди во четвртфиналето на ЛШ, бидејќи даде повеќе голови на гостински терен. Јувентус втора година по ред испаѓа во оваа фаза, па Недвед не го сокри гневот од резултатот и некои судиски одлуки, па фрустрацијата ја истури врз рекламата која ја шутна како што ги шутираше топките во минатото.
Ова е снимка од реакцијата на Недвед:
#Nedved reagisce così al fischio finale di #JuvePorto pic.twitter.com/tCMgwtaxN7
— Arturo Minervini (@ArturoMinervin7) March 10, 2021