Веројатно данските судии и арбитражата против Холандија уште долго ќе бидат тема на дискусија, но македонскиот репрезентативец, Павле Атанасијевиќ, не сака да ги коментира судиските одлуки, а како слаба страна во нашата игра ги истакнува ситуациите кога имаме играч повеќе.
„Имаше судиски одлуки во кои не навлегувам, иако немаше ништо неспортско на натпреварот. Послабо игравме со играч повеќе, но бевме добри, имавме шанса да се вратиме и да израмниме, но некои одлуки не беа во наша корист.“ рече Павле Атанасијевиќ после поразот од Холандија.