Како да нема крај на лошата серија на Наполи. Италијанскиот калчолигаш нема победа девет меча по ред (седум реми и два порази). Дури и на гостувањето кај Удинезе, иако Наполи беше голем фаворит, во саботата одигра само 1:1. Дека фудбалерите на Наполи делуваат незаинтересирано, покажа и ситуацијата во 80 минута на мечот во Удине.
Марио Руи успеа да освои една топка во својот шеснаесетник и тргна до контра напад. Иако околу него имаше повеќемина фудбалери на Наполи, едноставно сите незаинтересирано стоиеја и воопшто не помислуваа да потрчат. Руи дури и мораше да реагира да му се приклучат за да нападнат.
Ваквата атмосфера во Наполи е загрижувачка, посевно ако се знае дека веќе утре го играат клучниот меч од групната фаза во Лигата на шампиони. Наполи е голем фаворит против Генк, но…