Пчелите го победија Фулам и се вклучија во трката за Европа

Фудбалерите на Брентфорд со 3:2 го совладаа Фулам во рамки на 26-то коло од Премиер лигата и ја направија интересна битката за позициите кои носат пласман во европските купови.

Пчелите се деветти на табелата со 38 освоени бодови, а петтиот Ливерпул има само четири бода повеќе. Фулам е седми на табелата со само еден бод повеќе од Брентфорд.

Пинок во шестата минута го отвори резултатот, а до крајот на првиот дел, Фулам успеа да дојде до израмнување и тоа преку Соломон во 39-та минута.

На стартот од второто полувреме, Ајван Тони го задржа стоотстотниот учинок од белата точка и повторно му донесе предност на Брентфорд. Во 85-та минута Јенсен зголеми на 3:1, а Фулам во судиското продолжение успеа да постигне гол преку Карлос Винисиус за конечни 3:2.

- Оглас -

Најнови вести