Педесетка за Дурант, шампионот ги елиминира Л.А. Клиперс

Голден стејт вориорс славеа со 129:110 против Лос Анџелес клиперс и го елиминираа противникот со 4:2 во победи, за полуфинално дерби против Хјустон во Западната конференција од НБА плејофот.

Кевин Дурант блескаше со личен плејоф рекорд од 50 поени, а Дрејмонд Грин беше втората ѕвезда во редовите на шампионот со трипл-дабл од 16 поени, 14 скока и 10 асистенции.

Дурант беше особено расположен во првиот дел и постигна неверојатни 38 поени, со што го израмни вториот најдобар учинок во поени на Чарлс Баркли, кога се работи за прво полувреме на плејоф меч.

Солидно одигра и Стефон Кари со 24 поени и по шест скока и асистенции, а актуелниот првак сега ќе има супер серија со Хјустон рокитс.

Лани двет екипи играа меѓусебе во финалето на Западната конференција и во 7 меча Голден стејт беше подобар, иако губеше со 2:3 во серијата. Потоа и го освоија шампионскиот прстен.

Сега двете екипи ќе играат меѓусебе една фаза порано во плејофот, во полуфиналето на Западот.

Клиперс беа вистинско освежување и во регуларниот дел на сезоната и во плејофот. Му пружија сериозен отпор на дрим-тимот на Голден стејт, но ноќеска за подвиг им требаа подобри партии од сензационалниот тандем Вилијамс – Харел. Најдоброто дуо резерви во Лигата сега беа невообичаено тивки, заедно комбинираа само 18 поени, па Клиперс мораа да се простат од плејофот.

Данило Галинари со 29 поени беше најефикасен кај домашниот тим.

- Оглас -

Најнови вести