Педри прави разлика – Барселона го победи Хетафе за серија од 11 меча без пораз (Видео)

Педри Гонзалес Лопес, попознат само како Педри и донесе победа на Барселона против Хетафе од 1:0, вечерва во меч од 18. коло во Ла Лига.

Педри беше прецизен во 35. минута по асистенцијата на Рафиња и потврди дека е во топ-форма.

Пред само четири дена 20-годишниот играч на Барселона беше прогласен за играч на финалето во Суперкупот наа Шпанија што го доби неговиот тим со 3:1 против вечниот ривал Реал Мадрид.

Педри даде гол и на тој меч, а денеска и директно го одлучи победникот на „Камп Ноу“.

Барселона е во серија од 11 меча без пораз во сите натпреварувања и е лидер во шпанското првенство со 44 бода од 17 натпревари, пред Реал Мадрид и Реал Сосиедад со по 38 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести