Барселона славеше со 2-0 над Осасуна и ќе остане лидер во Ла Лига и после ова коло, но што е далеку позначајно е рекордот кој го собори Педри. Тој стана најмладиот фудбалер на Барселона кој успеал да стигне до 150 настапи за „каталонците“, со што го надмина Лионел Меси.
По мечот свој коментар за младата ѕвезда на Барселона имаше и Ханси Флик кој не штедеше зборови да го пофали.
„Педри е фантастичен играч, врвна класа. Што можам да кажам за него? Тој е апсолутно неверојатен.“ – рече Германецот.

