28.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Педро го оперираше рамото по повредата во последниот меч како играч на Челзи

Педро Родригез имаше неславен крај во дресот на Челзи. Шпанецот помина пет сезони во дресот на лондонскиот тим, се радуваше на титула во Премиер лигата, во ФА Купот и Лигата на Европа, но на крајот заврши со пораз. Неговиот Челзи загуби од Арсенал во финалето на ФА Купот, а Педро се повреди буквално во последните секунди од мечот.

По една акција, напаѓачот незгодно падна во шеснаесетникот на Арсенал и потоа мораше да биде изненсен на носилки. Заработи повреда на рамото поради која мораше да замине и на операција. Педро беше успешно опериран и сега закрепнува.

„Операцијата помина добро и наскоро ќе се вратам. Жал ми е што не го освоивме трофејот во ФА Купот. Ви благодарам на поддршката“, напиша Педро на својот инстаграм профил.

Според најавите, Педро кариерата ќе ја продолжи во Рома, но сигурно дека и да потпише за Римската волчица, нема да биде подготвен за стартот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести