28.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Педро Нето ќе биде десеттото засилување за Челзи ова лето

Англискиот премиерлигаш Челзи постигна договор со Вулверхемптон за трансферот на крилниот напаѓач Педро Нето. Според „Би-Би-Си“, лондончани ќе платат 60 милиони евра плус, три милиони евра во форма на бонуси. Претходно, Вулверхемптон одби две понуди од Челзи, но последната била прифатена.

24-годишниот Португалец наскоро треба да патува за Лондон за да ги мине медицинските прегледи, по што ќе го потпише својот договор. Тој и неговиот агент веќе ги договориле личните услови со Челзи.

Нето одигра 135 натпревари и постигна 14 голови за Вулверхемптон по трансферот од Брага во 2019 година. Претходно, тој играше како позајмен играч во Лацио.

Досега, Челси веќе доведе девет нови играчи во текот на летниот трансферен прозорец. Педро Нето ќе биде десеттиот нов играч на лондончани, а наскоро се очекува да биде финализиран и трансферот на Саму Омородион од Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести