Педро во 90+3 ја завери победата на Рома за добивка од 3.500 евра во Ѓорче Петров

Мајсторскиот добитен тикет од изминатиов викенд доаѓа од Ѓорче Петров, каде што редовен клиент на Sport Life обложувалници стана побогат за 218.127 денари, или малку повеќе од 3.500 евра со погодени четири меча на кои се чекаа убедливи победи.

Влогот од 500 денари му се исплати, обложувачот чекаше победи на Интер, Рома, Динамо Дрезден и Леганес, со тоа што домаќините требаше да бидат во предност и во првото полувреме, додека на мечевите да се постигнат три или повеќе погодоци.

Неизвесноста владееше во мечот меѓу Рома и Удинезе, во којшто се чекаше дури до третата минута од судиското надополнување за да има најмалку три гола на мечот. Искусниот Педро ја завери победата од 3-0 за Волчицата во 90+3 минута, а тоа беше знак дека во Ѓорче Петров ќе се слави.

Интер со сигурни 3-1 го надигра Лацио, а со идентичен резултат славеа Динамо Дрезден и Леганес.

 

СЕ НАДЕВАШ НА ЕДНА, А ДОБИТНИ СЕ СИТЕ ТРИ КОМБИНАЦИИ

Само најдобрите типстери знаат како да извлечат три пара од пребогатиот избор во билтенот за игри во Sport Life. Класичен пример дава добитниот тикет, односно три кои доаѓаат од Гевгелија.

Обложувачот ги избра Рома, Динамо Дрезден и Арсенал, како екипи од  кои очекуваше убедливи триумфи и повеќекратно тресење на мрежите пред сè во првото полувреме.

Волчицата водеше со 2-0 до 25-тата минута против Удинезе, на крајот победи со 3-0, за добитен коефициент 5.30. Арсенал го надигра Лидс со 4-2, а Топчиите на паузата заминаа со предност од 3-0. Динамо од Дрезден во триумфот од 3-1 над Лубек веќе ги имаше освоено бодовите со водството од 2-0 само по 24 минути игра, за највисока добитна квота на тикетот од 6.25.

На првиот добитен тикет со комбинацијата Т1 2+ во првото полувреме, влогот е 3.000 денари и има добивка од 481.969 денари. Истите три пара типувани со Т1 3+ на влог од 12.000 денари добивката е 678.442 денари. Комбинацијата 1-1 3+ исто така се покажа како добитна, со сума од 890.173 денари на влог од 9.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести