Реал Мадрид е пред императив дека мора да победи против Атлетик Билбао на домашен терен доколку сака да остане во трка со Барселона за титулата во Ла Лига. Екипата од Баскија секогаш е незгоден ривал за „кралевите“ и се посебно мотивирани, но вечерва на „Сантијаго Бернабе“ ќе мора да играат без својот најдобар фудбалер, Нико Вилијамс.
Тој е повреден и ќе го пропушти мечот против Реал Мадрид, а медицинскиот тим на Атлетик Билбао прави напори да со подготви за мечот против Манчестер јунајтед од полуфиналето на Лигата на Европа.