Македонскиот ракометен клуб Алкалоид ќе биде домаќин на АЕК Атина во реваншот од финалната пресметка во ЕХФ Европскиот куп. Скопје се подготвува за големо ракометно финале на 24/25 мај.
Ждрепката што денеска се одржа во седиштето на ЕХФ во Виена одлучи ракометарите на Алкалоид да бидат гости на грчкиот АЕК во Атина во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп.
Првиот дуел ќе се игра на 17 или 18 мај во Атина, а реваншот, кој ќе го одлучи новиот шампион во ова натпреварување, ќе биде закажан за 24 или 25 мај во Скопје. Пред домашната публика, Алкалоид ќе има можност да се бори за историски европски трофеј.