Пехарот од ЛШ доби благослов да остане кај Реал Мадрид

Мадридската црква „Сан Антон” денеска имаше важни посетители. На специјална аудиенција, отец Анхел ги прими Флорентино Перес, претседателот на Реал Мадрид, и пехарот од Лигата на шампионите, кој три години по ред го освојува шпанскиот гигант.

Отецот го благослови трофејот и кажа: „Тука во црквата ги гледаме финалните мечеви на Реал и преживувавме славни ноќи. Ви благодарам господине Перес што сте тука. Ова е и ваша црква. Тоа што и пехарот е тука, е некакво чудо. Се молиме за сите луѓе, но и за Реал Мадрид”.

Флорентино рече дека 14 години учел во црквата која е нонстоп отворена и во неа може да спијат бездомници.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести