Пејачката Пинк го замоли Роналдо за помош, а Португалецот се покажа во вистинско светло

Американската поп-ѕвезда Пинк преку социјалните мрежи реши да побара помош од Кристијано Роналдо. Пинк на „Тивитер“ напиша дака ѝ се потребни неколку дресови од Роналдо со неговиот потпис за да може да израдуваат дечиња за време на Божиќните и Новогодишните празници.

„Еј, Роналдо. Оваа година спонзорирам две деца за Божиќ, кои не сакаат ништо повеќе од тоа да добијат дресови од тебе. Немаат многу, а јас се одлучив да им ја исполнам таа нивна желба. Ќе сакате ли да ми пратите неколку дресови и да им го промените животот на децата? Знам дека постојано правите прекрасни работи, но…“, напиша Пинк на својот твитер-профил.

Одговорот на Роналдо пристигна за брзо време. „Здраво Пинк – Среќен сум што можам да помогнам. Ќе организирам неколку потпишани дресови за тие деца. Нема проблем. Честитки за тоа што го правиш“, врати Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести