Англискиот пејач, Роби Вилијамс, од синоќа стана и фудбалски функционер откако официјално беше промовиран во претседател на третолигашот Порт вејл.
Порт вејл е тим од Стоук, град во кој е роден пејачот и за кој навивач од мали нозе. Вилијамс во минатото често пати финансиски му помагал на Порт вејл, а сега одлучи активно да биде вклучен во работата на клубот.
Медиумите во изминатиот период пишуваа дека Вилијамс ќе го следи чекорот на американскиот актер Рајан Рејнолдс кој е сопственик на Рексам, и ќе го купи Порт вејл.
„Роби и неговиот тим минатиот викенд дојдоа на натпревар и тогаш стана претседател на клубот и официјално е отворена ложа на стадионот наречена по него. Има голем број на проекти кои Роби планира да ги започне“, стои во соопштението на клубот.
Порт вејл моментно се наоѓа на 20-тото место на табелата во Лига 1, третата лига по квалитет во Англија.
Првиот натпревар на кој Роби Вилијамс ќе присуствува како претседател на Порт вејл ќе биде денешниот дуел против Флитвуд.