Пекол го чека светскиот првак – Го префрлија во еден од најнасилните затвори во Англија

Бенжамен Менди е префрлен од Ливерпул во еден од најопасните и најнасилни затвори во Англија, во Манчестер, каде што ќе биде до судењето закажано за 24 јануари.

Играчот на Манчестер сити и светски првак со Франција на Мундијалот во 2018 година е обвинет за 7 силувања на четири жени, а се товари и за сексуално вознемирување и напад и на петта жена во периодот од октомври 2020 година до август следната година.

Менди е префрлен од удобниот затвор „HMP Altcourse“ во Ливерпул во опасниот објект за затвореници наречен „Strangeways“ во Манчестер.

„Не може ни да замисли што го чека. Од приватен затвор го префрлија во еден од најнасилните затвори во Англија. Таму има многу навивачи на Манчестер јунајтед, ќе го напаѓаат, ќе вриштат и нема да има мир и нема да може да спие. Ниту навивачите на Манчестер сити, кои се во затворот нема да го бранат бидејќи никој не ги сака обвинетите за силување“, вели неименуван извор од затворот за британски „Сан“.

Менди, кој има 27 години, во 2017 година стана најскапиот дефанзивец на светот кога Манчестер сити му плати на Монако 60 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести