Пеколен аргентински тандем во најава, Лаутаро и Агуеро ќе бидат клупски колеги?

Лаутаро Мартинес и Серхио Агуеро се ударниот напаѓачки тандем на аргентинската репрезентација, а во следната сезона можеби ќе заиграат заедно и во ист клуб, кој слично како и Аргентина, има светло-син дрес. Според некои шпекулации, Манчестер сити е подготвен за голгетерот на Интер да плати 111 милиони евра, колку што е откупната клаузула за Лаутаро, но само ако таа сума биде платена до 15 јули.

Барселона е најзагреана за ангажирање на Мартинес, тоа е желба на Лионел Меси, но веројатно и Сити ќе се вклучи во трката, па Лаутаро ќе може да бира дали сака да игра во ист тим со Меси или со Кун Агуеро. Во Барса ќе биде прва опција како шпиц, но само доколку искусниот Луис Суарес си замине.

Интер сака кај себе да го задржи фудбалерот за кој плати 23 милиони долари, но со понуда која за пет пати ја надминува таа сума, можеби и ќе се премислат. Откако се пресели во Италија, Лаутаро има 25 гола на 66 меча.

- Оглас -

Најнови вести