34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Пеколен финиш на Борусија Дортмунд и кикс на Баерн во Фрајбург

Жолтиот ѕид на „Сигнал Идуна парк“ се тресеше од радост во финишот на мечот, а со головите на Пако Алкасер Борусија го победи Волфсбург и има берјк во трката за титулата.

Шпанскиот ас погоди во 90 и 94 минута за триумф на новиот лидер во Бундеслигата, Борусија Дортмунд. Волфсбург одлично се држеше до последните моменти, но на крајот остана со празни раце.

Во Фрајбург домаќините повторно му оддолеаја на шампионот Баерн Минхен и пак одиграа 1:1, како и на „Алијанц арената“ во првиот дел од шампионатот.

Фрајбург водеше со голот на Холер од третата минута, нав реме израмни Левандовски со погодок дваесеттина минути подоцна, но гостите не најдоа чаре за цврстата одбрана на Фрајбург.

Во финишот на мечот Баварците тргнаа во тотална офанзива, но Фрајбург се одбрани и го врати шампионот два чекори назад. Сега Баерн заостанува зад Борусија Дортмунд и има 61 бод на 7 кола до крајот.

Нирнберг го поб еди Аугсбург со 3:0, Фортуна ја декласира Борусија Менхенгладбах со 3:1, а со идентичен резултат Вердер го победи Мајнц и ја продолжи серијата без пораз во 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести