Пеколен ќе биде нападот на Франција на ЕП, Германија прва ќе го почувствува тоа

Ако за репрезентацијата на Белгија чиј состав излезе вчера, се мислеше дека е прв фаворит кој ќе биде голема пречка за сите ривали на Европското првенство, тогаш истото важи и за актуелниот светски првак, кој веројатно ќе добие огромно засилување во камбекот на Карим Бензема после пет и пол години пауза.

Селекторот Дидие Дешан вечерва во 20 часот треба да го каже списокот од 26 фудбалери на кои смета за претстојното Еуро 2020. Прв противник на Галските петли ќе биде Германија на 15-ти јуни. Избраниците на Јоаким Лев против себе ќе имаат страшен тим кој речиси и да нема слаба точка. А, ако игра и првиот стрелец на Реал Мадрид, тогаш нападот Мбапе-Гриезман-Бензема, навистина ќе биде да не знаеш од кого попрво да се чуваш.

На клупата би останале Менди, Упамекано, Ндомбеле, Коман, Дембеле, Лемар, Фекир, Жиру, Бен Једер, Марсијал…

- Оглас -

Најнови вести