Со гол на супер резервата Бенјамин Шешко, Манчестер јунајтед победи со 1-0 на гостувањето кај Евертон во натпревар од Премиер лигата, по кој Црвените ѓаволи пак се осамени на четврто место.
За Словенецот ова е трети гол во последните четири кола и потврди дека е во топ форма и конечно почна да ги оправдува големите пари кои беа платени за него. Голот падна од еден пеколен контранапад, тоа беше мат во три потези за Карамелите, со завршница на Шешко кој во игра влезе 13 минути пред погодокот.
Јунајтед е единствен непоразен тим во Премиер лигата во 2026 година, и успеаја да му се реваншираат на Евертон за поразот на „Олд Трафорд“ на нивното прво соочување сезонава во ноември. Манчестер јунајтед има 20 победи против Евертон на дуелите во Ливерпул, против ниеден друг клуб немаат таков успех како гости.
COUNTER-ATTACK GOAL! 💥⚽
BRYAN MBEUMO SETS UP BENJAMIN ŠEŠKO! IT’S 0–1!🏴 Everton 0-1 Manchester Unitedpic.twitter.com/yiP5nCgVRJ https://t.co/GKJOJfrVxN
— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 23, 2026

