15.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Многу се јаки – Пеколен напад има дрим-тимот на Африка за 21 век, погледнете кого одбраа навивачите (Фото)

Фудбалските симпатизери во Африка го одбраа идеалниот тим на континентот, кој важи за најсиромашен, но е пребогат со фудбалски ѕвезди и е еден од најсилните тимови на сите времиња.

Пеколно добро во дрим-тимот за 21 век изгледа офанзивниот дел со покерот големи фудбалски ѕвезди, Дидие Дрогба, Самуел Ето, Мохамед Салах и Садио Мане.

Во средниот ред се Јаја Туре и египетската фудбалска икона Мохамед Абутрика, кој беше осомничен за тероризам во својата земја, но потоа во текот на истрагата беше потврдено дека не бил активист на терористичка организација.

На голот е Ел Хадари од Египет, а во одбраната се уште тројца поранешни играчи на Фараоните, Моавад, Фати и Гома. Актуелниот репрезентативец на Сенегал и соиграч на Елмас во Наполи, Калиду Кулибали е исто така член на идеалниот тим на Африка за овој милениум.

 

- Оглас -

Најнови вести