Пеколен план има Лапорта – Меси да остане, Халанд и Агуеро да дојдат на „Камп Ноу“

Жоан Лапорта има пеколен план за одлична реконструкција на шпанскиот гигант Барселона и топ-цел му е Лионел Меси да остане во клубот, а на „Камп Ноу“ да пристигнат Серхио Агуеро и Ерлинг Халанд.

Лапорта победи на изборите за претседател на Барселона и го почна новиот мандат, откако беше прв човек на клубот од 2003 до 2010 година.

Вети дека ќе стори се за да го задржи Меси во клубот и тоа е возможна мисија, како идека ќе донесе најмалку две топ-засилувања, а на листата има неколку фудбалери.

Лапорта би сакал да го има Килијан Мбапе во составот на Барселона, што би му дала на гигантот од Шпанија нова димензија, но тука битката ќе биде голема, најверојатно со Реал Мадрид.

Мбапе сака да игра за Реал, а Барселона нема пари за да плати баснословна сума што би можела да достигне и 200 милиони евра. Затоа Лапорта и челниците на Барса сериозно работат на трансфер на норвешкото чудо Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, кој може да биде двојно поевтин од Мбапе.

Речиси сигурно на „Камп Ноу“ ќе пристигне Агуеро, кој летово ќе биде слободен играч, бидејќи му завршува договорот со Манчестер сити. Тој трансфер е по вкусот на Меси, кој е голем пријател со својот сонародник и соиграч од репрезентацијата на Аргентина.

 

- Оглас -

Најнови вести