Пеколен старт за Македонија, во првото коло отвораме со домаќинот и актуелен светски првак

Македонската ракометна репрезентација во првото коло од Европското првенство кое ќе се игра следната година ќе игра против домаќинот Данска. Македонија се најде во група заедно со Данска, Португалија и Романија, а според направениот распоред, на стартот на 16 јануари ќе играме против актуелниот светски првак и кодомаќин на континенталниот собир, Данска.

Во второто коло, на 18 јануари противник на Македонија ќе биде селекцијата на Романија, додека во последното трето коло избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе ги одмерат силите со националниот тим на Португалија на 20 јануари.

Натпреварите ќе се играат во Хернинг (Јиске банк), во Данска.

- Оглас -

Најнови вести