Македонската фудбалска репрезентација ги дозна ривалите во Б-сегментот од Лигата на нациите, а беа извлечени и останатите групи во натпреварувањето на УЕФА, кое ќе се игра во тековната календарска година.
Главниот интерес е насочен кон А-лигата, каде што се формираа неколку вистински дерби-групи. Од балканските репрезентации, Босна и Херцеговина ќе се соочи со Полска, Романија и Шведска во Б-лигата, додека Косово ќе игра против Израел, Австрија и Ирска.
„Пеколна“ е групата 1 во Лига А, каде се најдоа Франција, Италија, Белгија и Турција. Ништо полесно не е ни друштвото во кое се Шпанија, Хрватска, Англија и Чешка.
Албанија во Ц-лигата доби ривали кои на хартија се порамни, додека Црна Гора ќе игра против тимови кои до неодамна беа во Д-лигата. Бугарија пак, ќе се соочи со Исланд, Естонија и победникот од дуелот Малта/Луксембург.
Лига А
А1: Франција, Италија, Белгија, Турција
А2: Германија, Холандија, Србија, Грција
А3: Шпанија, Хрватска, Англија, Чешка
А4: Португалија, Данска, Норвешка, Велс
Лига Б
Б1: Шкотска, Швајцарија, Словенија, Македонија
Б2: Унгарија, Украина, Грузија, Северна Ирска
Б3: Израел, Австрија, Ирска, Косово
Б4: Полска, БиХ, Романија, Шведска
Лига Ц
Ц1: Албанија, Финска, Белорусија, Сан Марино
Ц2: Црна Гора, Ерменија, Кипар, Летонија/Гибралтар
Ц3: Казахстан, Словачка, Фарски Острови, Молдавија
Ц4: Исланд, Бугарија, Естонија, Малта/Луксембург
Лига Д
Д1: Гибралтар/Летонија, Малта/Луксембург, Андора
Д2: Литванија, Азербејџан, Лихтенштајн
Новото издание на Лигата на нациите ќе се игра од 24 септември до 17 ноември 2026 година.

